Познатиот индиски милијардер Субрата Рој, кој беше во посета на Македонија, ќе гради модерен туристички комплекс од врвна светска категорија на Охридското езеро, кај Љубаништа. Проектот што индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ ќе го реализира во Македонија е наречен „Сахарајан Македонија“. Предлогот за инвестицијата вредна неколку десетици милиони евра веќе бил доставен до македонскиот премиер Никола Груевски и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Комплексот, кој содржи целосна еколошка студија, планирано е да се гради на површина од над пет илјади метри квадратни. Проектот за комплексот е на една од најјаките светски компании британската „Аткинс“, а предвидува изградба на туристички комплекс кој ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода...
Познатиот индиски милијардер Субрата Рој, кој беше во посета на Македонија, ќе гради модерен туристички комплекс од врвна светска категорија на Охридското езеро, кај Љубаништа.
Проектот што индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ ќе го реализира во Македонија е наречен „Сахарајан Македонија“.
Предлогот за инвестицијата вредна неколку десетици милиони евра веќе бил доставен до македонскиот премиер Никола Груевски и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Комплексот, кој содржи целосна еколошка студија, планирано е да се гради на површина од над пет илјади метри квадратни.
Проектот за комплексот е на една од најјаките светски компании британската „Аткинс“, а предвидува изградба на туристички комплекс кој ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода...
„Ни претставува голема привилегија што по неколкумесечни подготовки ја составивме визијата на нашиот претседател Субрата Рој за локација од светска класа во градот Охрид и ќе ја претставиме на премиерот на Република Македонија и министрите од неговата Влада. Проектот е наречен ’Сахарајан Македонија’ и ќе се гради на 240 хектари во околината на Охридското Езеро и ќе содржи хотели од светска класа, казина, станбени и рекреативни објекти и терен за голф по меѓународни стандарди, стои во писмената изјава на синот на Субрата Рој, Семанто Рој, извршен директор и шеф на одделот за меѓународен бизнис на „Сахара Индија Паривар“.